СОЦИЈАЛНИ СОДРЖИНИ

Елитни елементи, висококвалитетни материјали и дизајн фокусиран на практичноста.

Мал број локации можат да се споредат со беспрекорните конекции на Aquaduct Residence со најдобрите содржини во Скопје. Локација со лесен пристап до вашите секојдневни работни дестинации, шопинг, едукација на децата, најсоодветна местоположба за живеење – место каде ви се исполнети сите потреби за практично секојдневно функционирање.

При осмислувањето на концептот, се водевме од мисијата да ги понудиме најдобрите можни содржини во внатрешноста на комплексот Aquaduct Residence, со посебен акцент на неспоредливиот квалитет на домување.

Фитнес

Фитнес центарот е една од содржините кои несомнено ќе ги користите редовно. Има голем број предности што ги носи непосредната близина на фитнес центарот во комплексот во кој живеете – бидејќи се поголем број луѓе настојуваат да ги интегрираат активностите за унапредување на здравјето и благосостојбата во нивните секојдневни рутини. Придобивките се подеднакви за сите генерации, без разлика на возраста, сите ќе имаат корист од фитнес центарот. Aquaduct Residence нуди фитнес центар кој е повеќе од место за вежбање.

Современиот фитнес центар ќе биде достапен секој ден со цел да понуди сеопфатна линија на најсовремената опрема за кардиоваскуларни вежби и тренинзи со тегови како и сополнителни можности за групни часови и тренинзи внимателно осмислени да се приспособат на сите нивоа на фитнес припрема.

Barbeque зона

Подготвувањето скара е една од омилените активности за готвење на отворено на луѓето ширум светот. Ништо не се споредува со примамливиот мирис на скара на отворено.

Во Aquaduct Residence, релаксирањето со вашето семејство или средбата со пријателите може да се направи на отворено, но недалеку од вашиот нов дом. Неколку точки за подготовка на скара ќе ги содржат сите потребни алатки за вашите кулинарски авантури во зоната за подготовка на скара.

Продавници

Aquaduct Residence ќе биде збогатен со трговска област со цел да се понуди најудобно искуство како надополнување на практичниот животен стил. Деловниот простор нуди секојдневна практичност за станарите (заштеда во време за патување) поради непосредната близина. Продавници со широк асортиман на производи ќе бидат лоцирани во деловниот простор на комплексот.

Гастрономија

Сите сакаме да се релаксираме со семејството, пријателите или соседите, некои со ароматично кафе, некои со освежителен пијалак. Но, ако сте во потрага по најдобриот поглед додека уживате во удобноста на вашето станбено опкружување, Aquaduct Lounge Bar ќе стане вашето омилено место за релаксација. Уживајте во богатата разновидност на јадења, ароматично кафе и избор на пијалаци, ароматични чаеви и вкусни десерти подготвени од најдобрите готвачи. Lounge Bar ќе има и здраво катче кое ќе служи свеж зеленчук, овошје и јогурти. Разновидното мени ќе ве изненади пријатно за време на деловниот ручек или вкусната вечера со вашето семејство или пријатели.

Детско катче

Поради динамичното време на живеења, децата се најчесто преоптоварени со изобилство на активности во затворено и помалку можности да уживаат надвор. Видео игрите, ТВ, воннаставните активности и немањето пристап до игралишта, значително влијае во нивниот развој. Детските игралишта се безбедни места  каде децата го уживаат своето детство додека развиваат клучни когнитивни, физички, социјални и емоционални вештини. Aquaduct Residence нуди безбедни содржини за детски активности во заедничкиот простор на комплексот. Детското катче се состои од детски парк со посебен простор за играње и истиот се наоѓа меѓу обилно зеленило и во близина на зоната за скара.

Градинка

Потребата за градинки како составен дел од станбените области бележи раст во последната деценија, главно поради промената на семејната динамика и работните обврски на родителите, како и важноста и потребата за поддршка на раниот детски развој.

Со  капацитет до 80 деца, градинката во склоп на Aquaduct Residence ќе нуди највисок можен квалитет на воспитно – образовен процес и згрижување за малите станари.  Опкружувањето кое е познато за детето влијае поволно во неговиот севкупен развој кој се надополнува со висококвалитетни содржини за социјализација.

Зелени зони

Планираните зелени површини се едни од најзначајните заеднички зони во кои станарите ќе се релаксираат секојдневно, и истите се сметаат како еден од сегментите кои влијаат на добросостојбата на станарите и опкружувањето. Aquaduct Residence нуди уредени зелени зони на кои посебно внимание е посветено на потребата за приватност и релаксација во заедничките зони на комплексот. Зелените зони овозможуваат здраво секојдневие како и здрав стил на живот.

Зона за спортување

Оваа зона е осмислена да овозможи рекреација преку содржини за колективни и индивидуални спортови, со дополнително интегрирање на постојните капацитети за вежбање, патеки за трчање и терени за тимски спортови, особено фудбал, одбојка, ракомет и кошарка. Редовните спортски активности придонесуваат кон превенција на хронични, влијаат на здравјето на срцето, коските и подобрена функција на белите дробови.

Спортот помага да се контролира дијабетесот, телесната тежина, да се подобри циркулацијата на крвта и да се намали стресот. Луѓето кои учествуваат во спортски активности и рекреација развиваат здрави навики. Луѓето кои имаат пристап до содржини за спорт и рекреација во нивното опкружување се генерално поздрави и посреќни отколку луѓето кои живеат во места каде физичката активност не е приоритет. Спортот и рекреацијата градат посилни, поздрави, посреќни и побезбедни заедници.

Малку локации можат да се спротивстават на беспрекорните врски на Aquaduct Residence со најдоброто од животот во Скопје. Онаму каде што можете да работите, да купувате, да играте и да ги едуцирате вашите деца, таму каде што живеете.

Значаен фокус на нашиот избор на дизајн беше да обезбедиме најдобро можно социјално искуство во внатрешноста на Aquaduct Residence, со фокусирање на обезбедување објекти кои ќе понудат квалитет на живеење неспоредлив во Скопје.