За нас

Целосна удобност, секојдневна безбедност. Планирајте ја иднината, уживајте во сегашноста.

Aquaduct Residence носи иновации во севкупната организација на концептот за домување нудејќи комфор над очекувањата на клиентот. За сите идни станари секојдневниот живот ќе биде поубав и побезбеден благодарение на уникатниот концепт на комплексот кој се состои од четири извонредни згради.

Комплексот се наоѓа на 350 метри во близина на една од најстарите археолошки објекти, Скопскиот Аквадукт. Овој археолошки локалитет е еден од последните преостанати аквадукти на Балканскиот Полуостров. Извонредно зачуваната и импресивна структура од тули и камен нуди средновековен амбиент и глетка во која можете да уживате.

Aquaduct Residence се состои од четири станбени згради со функционални станови од 32 до 173 метри квадратни. Неверојатниот дизајн на комплексот овозможува сите станови да уживаат во прекрасен панорамски поглед на градот и аквадуктот.

Удобноста на внатрешната и надворешната станбена зона е збогатена со повеќе од 354 паркинг места. Богатите и атрактивни заеднички содржини и освежителните поставки за хортикултура и аквакултура пружат убаво секојдневие, без разлика дали барате релаксирачка, динамична или смирувачка активност. Aquaduct Residence нуди не само модерни и висококвалитетни станови со удобен распоред и комплетна инфраструктура, туку и здрава, приватна средина од затворен тип, за да ви пружи сигурност и да ви овозможи да се концентрирате на важните работи во животот. Без разлика дали барате стан, или семеен дом, нашите станови нудат безбедност и чувство на благосостојба.

Од енергетски ефикасни фасади и најдобри метални конструкции, до ѕидањето и прозорците, комплексот нуди естетски пријатни и најудобни простории за домување. Апсолутно најдобрата вредност за парите – Aquaduct Residence е најпаметната инвестиција која нуди долгорочна стабилност и вреден имот што ќе го уживаат многу генерации.